Според податоците на Евростат, во четвртиот квартал од 2022 година, најмногу вработени кои отсуствувале од работа во Европската унија се забележани во Финска, а потоа следат Франција и Шведска. Најмалку отсуства имало во Романија, Бугарија и Грција. Девет отсто од вработените во Хрватска во тој период отсуствувале од работа, што е помалку од просекот на ЕУ од 9,8 отсто.