Кавги и расправии ја прекинаа седницата на Комисијата за избори и именувања на која се расправаше за предлогот Љубомир Јовески да стане Уставен судија. Претседателката на Комисијата ѝ го одзседе зборот на пратеничката Благица Ласовска со објаснување дека го злоупотребила правото на процедурална забелешка и навредувала свои колеги опструирајќи ја комисијата.
Видеото може да го погледнете овде.
Актуелниот обвинител во ЈО е последниот кандидат на СДСМ кој треба да ја мине комисиската расправа. Од шестмината кандидати кои ги понуди ВМРО-ДПМНЕ ниту еден не доби доволно гласови, додека Татјана Васиќ-Бозаџиева и Фатмир Скендер од СДСМ беа избрани.