Кој ќе оди во финалето на 150. издание на ФА Купот?

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Викендот што е пред нас е резервиран, меѓу другото, и за полуфиналето на ФА Купот на Вембли.

По втор пат за само шест дена ќе се сретнат двете водечки екипи во Премиер лигата. Во првенственото дерби помеѓу Манчестер Сити и Ливерпул не почести одличен дуел кој заврши без победник – 2:2.

Јирген Клоп и Пеп Гвардиола утре повторно ќе се соочат со своите тимови и тактики. Дуелот е закажан за в сабота од 16 часот и 30 минути. Ливерпул чека на успех во ова натпреварување од 2006 година. Оттогаш три пати беше во финалето на Лигата на шампионите. Манчестер Сити последен пат го освои ФА Купот во 2019 година.

Во недела во истиот термин се игра вториот полуфинален натпревар, а ќе се сретнат Челзи и Кристал Палас. Сините трета година по ред ќе се обидат да стигнат до финалето. Палас не бил во финалето од 2016 година.

Ливерпул и Манчестер Сити наидоа на многу специфичен проблем пред овој натпревар – викендов возовите не сообраќаат за Лондон од овие два града и голем број навивачи беа во неволја кога е во прашање доаѓањето на натпреварот. На крајот се најде решение – Фудбалската асоцијација обезбеди 100 бесплатни автобуси кои ќе ги носат навивачите до Лондон и назад. Двата клуба добија по 34.000 влезници за полуфиналниот натпревар на стадионот „Вембли“.

Финалето на јубилејното 150. издание на ФА Купот ќе се одигра на 14 мај.

Share This Article