More

    Кој ќе го замени Шојгу?

    spot_img

    Рускиот претседател, Владимир Путин, вчера го предложи Андреј Белоусов за нов министер за одбрана на местото на Сергеј Шојгу. Белоусов, кој досега беше прв вицепремиер, по образование е цивил и економист.

    Неколку факти за човекот кој ќе го преземе Министерството за одбрана на Русија повеќе од 2 години по нападот врз соседна Украина, според порталот Ројтерс.

    Андреј Ремович Белоусов е роден на 17 март 1959 година во Москва во семејство на советски економист. Дипломира на Економскиот факултет на Московскиот државен универзитет во 1981 година.

    Во 2000 година, Белоусов е назначен за хонорарен советник на рускиот премиер, а 6 години подоцна станува заменик министер за економија.

    Од 2008 до 2012 година, во периодот кога Путин е премиер, тој е директор на Одделот за економија и финансии во владиниот апарат. Во 2012 година е министер за економија.

    Од 2013 до 2020 година Белоусов е советник на рускиот претседател. Од 2020 година ја извршува функцијата прв вицепремиер. Во истата година, тој накратко го заменува премиерот Михаил Мишустин, кога Мишустин се разболува од Ковид-19.

    Во 2017 година, Белоусов е меѓу луѓето кои го убедиле Путин дека дигиталната економија и блокчејн технологијата се клучни за иднината.
    Идниот руски министер за одбрана важи за близок до претседателот.

    Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, синоќа изјави дека рускиот претседател Владимир Путин го предложил Андреј Белоусов за функцијата министер за одбрана бидејќи тој ресор треба да биде апсолутно отворен за иновации, воведување на сите напредни идеи и создавање услови за економска конкурентност.

    – Многу е важно економијата на блокот да се вклопи во економијата на земјата и да биде во согласност со динамиката на сегашниот момент – нагласи тој.

    Песков објасни и дека поранешниот министер за одбрана Сергеј Шојгу, како секретар на Советот за безбедност, истовремено ќе биде и заменик шеф на државата во Комисијата за воено-индустриски комплекс и ќе ги надгледува активностите на Федералната служба за воено-техничка соработка.

    Белоусов во младоста вежбал самбо и карате и не служел војска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img