Поранешниот британски министер за финансии Риши Сунак денеска ја потврди својата кандидатура за премиерската функција, откако ја доби поддршката од конзервативните пратеници кои ја симнаа Лиз Трас од функцијата.
Сунак(42) за премиерската позиција ќе се бори со двајца главни ривали, поранешниот премиер Борис Џонсон и поранешната министерка за одбрана Пени Мордонт. Сунак засега добил поддршка од 128 пратеници, додека Џонсон од само 53, објави Би-Би-Си. За Џонсон да влезе во трката ќе му бидат потребни барем 100 гласа.
„Ќе има интегритет, професионализам и одговорност на секое ниво на власт што јас го водам и ќе работам од ден на ден за да ја завршам работата”, се вели во соопштението на Сунак.
Мордонт доби јавна поддршка од 24 пратеници, додека Џонсон, кој не се изјасни дали ќе се кандидира, досега има поддршка од околу 50 пратеници.