More

    Кој алкохолен пијалок најмногу дебелее?

    spot_img

    Загрижувачко истражување покажа дека луѓето кои пијат еден вид алкохол се особено изложени на ризик од дебелина и поврзани болести.

    Истражувачите во САД анкетирале повеќе од 1.900 возрасни кои откриле колку и какви алкохолни пијалоци пиеле, споредувајќи ја исхраната на оние кои пиеле само пиво (38,9), само вино (21,8), само жестоки пијалаци (18,2 %) или комбинација од различни видови на алкохол (21%), пишува „Експрес“, пренесува N1 Загреб.

    Нивните навики во исхраната потоа биле споредени со индексот за здрава исхрана, мерка што може да се користи за да се одреди севкупниот квалитет на исхраната на една личност.

    Загрижувачко истражување покажа дека ниту една од четирите групи не се приближила до бодување над 80, што укажува на „соодветна исхрана“, но една група се издвоила како најлоша по овој критериум.

    Утврдено е дека оние кои пијат вино имаат резултат од околу 55 поени, додека алкохоличарите и мешаните алкохоличари имале резултат близу 53 поени.

    Но, оние кои пијат пиво, кои се со поголема веројатност да бидат мажи, помлади, пушачи и со ниски приходи, се најниско рангирани со 49.

    Тие исто така имаат најголем дневен внес на калории и најмалку вежбаат, што ги става на поголем ризик од дебелина и поврзани болести, според истражувачкиот тим.

    Затоа, ако се грижите за вашата линија, избегнувајте алкохол, особено пиво.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img