More

    Кого кралот Чарлс Трети ќе го исфрли од кралското семејство?

    spot_img

    Кралското семејство на Данска неодамна објави дека четирите внуци на кралицата Маргрета ги губат титулите принц и принцеза, на 1 јануари 2023 година. Монархот притоа соопшти дека тоа е во согласност и со другите кралски куќи во Европа.

    Овој потег се однесува на вториот син на данската кралица – принцот Јоаким. Принцовите Николај, Феликс, Хенрик и принцезата Атина веќе нема да бидат принцови и принцеза од следната година. Наместо тоа, тие ќе ги користат титулите гроф или грофица и нема да бидат „нивното височество“, туку „нивните екселенции“. Според реакциите, не сите во кралското семејство се согласуваат добро со тоа, но кралицата Маргрета изјавила дека одлуката е конечна, иако „ѝ е многу жал“ поради тоа.

    Дали и кралот Чарлс Трети ќе го намали бројот на принцови?

    Со години кружат гласини за првите потези на Чарлс Трети. Стручњаци за кралските работи говорат за можен договор меѓу Чарлс и неговата далечна роднина Маргрета, за намалување на должностите на кралското семејство, а некои веруваат дека потегот на данската кралица е совршена можност и британскиот крал да испроба нешто слично, па да се види како тоа ќе оди со помалку членови.

    Чарлс сè уште не ги прогласил Арчи и Лилибет за принц и принцеза, иако според законот од 1917 година, титулите им припаѓаат ним. Предвидувањата говорат дека Чарлс може да ги промени и законите и обичаите во неговото семејство и дека сегашните 22 члена на кралското семејство кои извршуваат должности во име на монархот – можеби ќе бидат намалени на само на 7.

    Новиот британски крал, наводно, сака да им олесни на британските даночни обврзници, со таа одлука „да го намали кралското семејство“. Во институционална смисла, тука би влегле кралот, кралицата сопруга Камила, престолонаследникот – принц Вилијам, принцезата Кетрин – Кејт Мидлтон и нивните 3 деца. Понатаму, се говори дека во иднина, принцези и принцови ќе бидат само директните наследници на владетелот.

    Европа има 12 монархии

    Европа денес има 12 монархии, од коишто 7 се кралства – Обединетото Кралство, Данска, Норвешка, Шведска, Шпанија, Холандија и Белгија. Андора, Лихтенштајн и Монако се кнежевства, а Луксембург, официјално, е Големо Војводство. Сите тие имаат различни закони и обичаи за наследување, но бидејќи се помалку популарни од британското кралско семејство, не се пишува често за нив.

    Во Шпанија, на пример, само најстарото дете на владетелот е принц или принцеза. Така, сега принцеза е само постарата ќерка на кралот Фелипе – Леонор. Нејзината помлада сестра Софија ја има титулата „инфанта“, иако и таа е ќерка на кралот. Но, ако кралот и неговата сопруга Летиција добијат син, т.е. машки наследник, Леонор веќе нема да биде наследничка, а со тоа ни принцеза.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img