Кога ќе ви се посреќи да најдете барем една скапоцена печурка

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Тартуфите се најценетите и најскапи печурки на светот и за нив и за нивните лековити својства

луѓето знаат одамна. Благодарение на специфичната арома тие се гастрономски специјалитет што

се додава во јадењата изрендан или на тенко сечкани ливчиња, односно, едвај во грамови. Заради

високата цена токму така и се продаваат – мерени на грамови или спакувани во различни

деликатеси со тартуфи. А факт е дека дури и најобичното јадење се претвора во вистински

деликатес кога во него ќе се додаде тартуф дури и во најминимална количина.

Но и тука треба да се биде вимателен, впрочем, како и за сѐ друго.

Имено, неодамна, хрватскиот новинар Матија Бабиќ ја разоткри истарската индустрија за тартуфи

како голема измама. Спооред него, таканареченото масло со вкус на тартуфи, всушност, не се

- Advertisement -
Ad image

прави од тартуфи. „Синтетичкото ѓубре кое се продава под име на луксузен гастрономски производ

им дава идеја на потрошувачите дека тартуфите имаат интензивен мирис на плин, тоа е измама

затоа што лажно претставува производ кој нема никаква врска со тартуфите и ги става во

- Advertisement -
Ad image

неповолна положба сите ресторани кои се трудат да работат чесно: ако не ги ароматизирате

јадењата со тартуфи со додадени вкусови на кои се навикнати гостите, наивните гости ќе помислат

дека штедите на нив“, пишува новинарот.

Купувајте производи само од луѓе од доверба

Затоа, наместо во маркетите од непроверени и непознати производители, најдобро е, како и за сѐ друго,

да си имате свој сигурен снабдувач, поточно, некој кој е директно вклучен во наоѓањето на

тартуфи, кој е и самиот производител на деликатеси со тартуфи и за кој знаете дека ги подготвува

токму со оние состојки кои се напишани на етикетата, без вештачки додатоци со арома на тартуф.

Кај нас (можеби и за среќа), тартуфарството сѐ уште не е многу распространето, а едни од првите

кои почнаа да се занимаваат со ова и за чии производи со сигурност знаеме дека кога јадеме

нешто со тартуфи тоа е навистина со тартуфи, се нашата соговорничка Валентина Митрова и

нејзиниот сопруг Тони чии производи од тартуфи се продаваат под брендот „Туф“.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Share This Article