Сезоната на настинки и грип е пред нас, па затоа е добро да знаете како цинкот може да ви помогне да ја поминете што е можно поуспешно.
Цинкот, како додаток во исхраната, ја покажа својата важност за време на пандемијата кога научниците открија дека многу хоспитализирани пациенти со коронавирус имале недостаток на цинк.
Тој игра важна улога во функционирањето на имунолошкиот систем, а таблетите кои содржат цинк може да го скратат времетраењето на настинката.
Сезоната на настинки и грип е пред нас, па затоа е добро да знаете како цинкот може да ви помогне да ја поминете што е можно поуспешно.
Цинкот е есенцијален минерал кој се наоѓа во сите клетки на телото, меѓу другото учествува во синтезата на деоксирибонуклеинската киселина и протеините и му помага на имунолошкиот систем во борбата против бактериите и вирусите.
Цинкот може да помогне и во процесот на заздравување кај луѓе со долготрајни рани или чиреви. Сепак, најголемата предност и придобивка од цинкот е тоа што може да го скрати времетраењето на настинките, што е добро да се знае бидејќи е пред нас уште една сезона на настинки и грип.
Исто така, доволна количина на цинк во телото е поврзана со побрзо заспивање и подобар квалитет на сон.
Препорачаната дневна количина на цинк варира од личност до личност, но на повеќето возрасни жени им требаат осум до 12 милиграми, а на повеќето возрасни мажи им требаат 11 милиграми цинк дневно.
Кога бараме цинк во храната, го наоѓаме во најголеми количини во месото, рибата и остригите.
Во одредена количина го има во растителни извори, како што се семките од тиква и леќата, додека не е многу во овошјето и зеленчукот. Може да се најде и во збогатените житарки кои најчесто се јадат за појадок.
Минерал без кој не можете да живеете: Што треба да знаете пред да земете додаток на цинк
Повеќето луѓе добиваат доволно цинк од храната што ја јадат и не им се потребни додатоци на цинк. Но, земањето додатоци на цинк може да им користи на некои луѓе, особено на овие групи:
– луѓе со дигестивни нарушувања како што се целијачна болест, улцеративен колитис или Кронова болест
– вегетаријанци и вегани (бидејќи растенијата се нивниот главен извор на протеини)
– на луѓе кои пијат премногу алкохол (алкохолните пијалоци го намалуваат количеството на цинк што го апсорбира телото)
Следниве знаци може да укажуваат на недостаток на цинк во телото:
– губење на вкус и мирис
– бавно зараснување на раните
– проблеми со размислување, расудување и меморија
Некои луѓе може да имаат корист од земање таблети со цинк во рок од 24 часа од почетокот на симптомите на настинка (а потоа на секои два до три часа додека се будни до една недела), бидејќи тоа може да го скрати времетраењето на болеста.
Постојат различни видови на цинк, вклучувајќи цинк сулфат, цинк ацетат и цинк глуконат, но не е познато која форма е подобра од другите. Сепак, цинк ацетатот се покажа како најдобар особено за настинки.
Кога е најдобро време да се земе додаток на цинк?
Во принцип, не постои одредено време од денот кога треба да се зема цинк. Ако забележите гадење кога го земате на празен стомак, земете го со оброк.
На овој начин можете да добиете дополнителни придобивки бидејќи цинкот најдобро се апсорбира кога се зема со протеини. Така, земањето цинк со појадок богат со протеини може да биде одлична опција.
Колку често треба да земате цинк?
Зависи од човек до човек, најдобро е да се консултираш со лекар. Потребите може да варираат во зависност од моменталната состојба на вашето тело.
Доколку земате мала доза цинк, во форма на мултивитамин, безбедно е да го земате секој ден, особено ако не внесувате големи количини на цинк во секојдневната исхрана. Сепак, се препорачува да не се земаат големи дози на цинк подолго од две недели, освен ако лекарот не препише поинаку, пренесува Запоздена.хр.