Руските фудбалски клубови нема да играат во европските натпреварувања во сезоната 2022/23, соопшти Европската фудбалска асоцијација.
– Во сезоната 2022/23 нема да има претставници на Русија во европските натпреварувања. Поради ова, согласно принципите пропишани во прописите на машките и женските турнири, променета е шемата за пристап на екипите до европските натпреварувања – се вели во соопштението.
Во табелата со коефициенти на УЕФА, Русија ќе добие најнискиот износ на бодови што руските клубови го собрале во последните пет години. За сезоната 2022/23 тоа се 4.333 бода.