Клои Кардашијан, ѕвездата на реалното шоу Keeping Up With the Kardashians, се осврна на својот љубовен статус во една неодамнешна епизода. Имено, кога Скот Дисик, поранешниот партнер на нејзината сестра Кортни, ја прашал дали бара нова љубов и оди на состаноци, Клои рекла: „Не сакам“.
Таа се пожали и како луѓето ја оценуваат за нејзиниот избор и заклучи: „Не сум видела никого две и пол години, тоа не е толку лудо“. Клои додала и дека ова е само моменталната ситуација и објаснила како им се посветила на децата.
„Дали мислиш дека ќе бидам целибат до крајот на мојот живот? Не сакам никој да ми ја прекинува моменталната рутина. Да речеме дека сега излегувам со некого. Немам идеја како да излегувам со некого кога имам деца затоа што нема да те носам дома кај моите деца, ниту ќе одам кај тебе каде што можеш да ме убиеш во подрумот, ниту ќе одам во јавен ресторан каде што може да не фотографира бидејќи тогаш ќе станете „само еден во низа“ во очите на јавноста“, рече таа.
Да потсетиме дека Клои ги има 6-годишната ќерка Тру и 21-месечен син Тејтум со нејзиниот поранешен партнер Тристан Томпсон, кој постојано ја изневерувал, а тие конечно раскинале пред две години.