Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко изјави дека се водат „огромни битки“ северно и источно од главниот град на Украина.
Кличко упати предупредување до сите граѓани на Киев кои избегаа од градот.
– Ризикот од смрт во Киев е доста голем. И затоа мојот совет до сите што сакаат да се вратат е – почекајте малку да видите како ќе се развива ситуацијата – рече Кличко.
Претходно денеска, регионалниот гувернер на регионот Киев изјави дека руските сили се повлекуваат од некои области околу главниот град, но истовремено дополнително ги утврдуваат нивните позиции во други области.
Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Олексеј Арестович денеска изјави дека украинските сили ја потиснуваат руската армија североисточно и северозападно од Киев.