Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека станбените згради и трговскиот кварт во киевската населба Подил биле гранатирани доцна во неделата.
-„Според информациите со кои располагаме во моментов, погодени се неколку куќи и еден од трговските центри. Спасувачките екипи, медицинските лица и полицијата се веќе на терен“, изјави Кличко на својот канал Телеграм.
Ројтерс не можеше веднаш да ги провери извештаите на теренот.