Кинеската државна телевизија Си-Џи-Ти-Ен создаде графичка симулација на експлозиите на гасоводот Северен тек. Тие се направени врз основа на истражувањата на новинарот и добитник на Пулицерова награда, Сејмур Херш кој неодамна објави дека САД заедно со Норвешка стојат зад оваа саботажа.
Во симулацијата е прикажана можната акција на поставувањето на експлозиви, слетувањето во морето, чамецот, воедно сите маневри кои според истражувачката сторија траеле 13 дена, време за кои американски авиони редовно кружеле над местото во Балтичкото море.
Според приказната, Американците решиле да го детонираат експлозивот преку далечински управувач, а за тоа им била потреба посебна пловка која на површината на морето ја спуштил норвешки авион.
Кинеската телевизија потсетува дека американските политичари постојано се заканувале дека ќе ги нападнат гасоводите „Северен тек“ и ги цитира зборовите на американскиот претседател Џозеф Бајден дека „ако Русија ја нападне Украина, Северен тек повеќе нема да постои“, како и Викторија Нуланд, заменик-државен секретар на САД. велејќи дека „ако Русија ја нападне Украина, на овој или оној начин, „Северен тек 2“ повеќе нема да работи“.
Москва неодамна побара објаснување од Вашингтон за наводите на Херш кој долгиот истражувачки текст првично го објави на својот личен блог на интернет.