Кинеското МНР вели дека земјата нема да бара доминација врз другите

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Кина нема да бара хегемонија над другите нации како што тоа го прават САД во својата Национална одбранбена стратегија(НДС) која е водена од „логиката на доминација“, вели портпаролот на кинеското МНР Жао Лиџијан. Тој реагираше откако САД ја прогласија Кина за „последен и системски предизвик“ за нивната држава, пишува РТ.

Жао рече дека американскиот документ „ја нагласува конкуренцијата меѓу големите земји и намерно погрешно ја претставува кинеската надворешна и одбранбена политика“.

– Документот се води според менталитетот на Студената војна со нулта сума и логиката на доминација и хегемонизам и кажува сè за лошите намери на САД да ја држат и потиснат Кина под разни лажни изговори – изјави портпаролот, додавајќи дека неговата земја ќе отфрли ги сите „обиди за уцена, задржување, блокада и максимален притисок“.

Додека новата Национална одбранбена стратефија на САД тврди дека Кина ја искористила својата растечка воена и економска моќ за да ги поткопа сојузите на САД низ Азија, Жао инсистираше на тоа дека надворешната политика на Пекинг е насочена кон „поддржување на светскиот мир и промовирање заеднички развој“ меѓу нациите.

– Без разлика во која фаза на развој ќе стигнеме, никогаш нема да бараме хегемонија или пак ќе се вклучиме во експанзионизам – рече тој, повикувајќи го Вашингтон „да го следи трендот на мир и развој, да го напушти менталитетот на Студената војна со нулта сума, да престане да го гледа денешниот свет и односите меѓу Кина и САД од конфронтирачка перспектива и да престане да ги искривува стратешките намери на Кина“.

Тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг значително се зголемија од август, кога претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси го посети Тајван и покрај гласните приговори од Пекинг, кој го гледа островот како дел од сопствената територија.

Иако патувањето поттикна големи кинески воени вежби во воздухот и водите околу Тајван, западните делегации сепак продолжија да го посетуваат Тајпеј во месеците потоа.

Share This Article