More

    Кинескиот претседател свечено беше испратен од Москва без решение за Украина

    spot_img

    Кинескиот претседател Си Џинпинг утрово замина со авион од Москва, а неговата посета беше со цел зајакнување на врските со неговиот руски колега Владимир Путин, пренесоа руските агенции. Агенцијата ДПА наведува дека по тридневната посета не било посочено дека постои начин да се стави крај на војната во Украина, наведува денеска ДПА.

    Авионот на Кси го напушти московскиот аеродром Внуково со свечено испраќање, се свиреа руската и кинеската национална химна, пренесува Риа Новости.

    На полетувањето на авионот присуствуваа високи руски претставници.

    За време на оваа посета, Кси Џинпинг и Путин го пофалија влегувањето на нивните „посебни“ односи во „нова ера“ наспроти Западот.

    Рускиот претседател претпазливо го поддржа кинескиот план за решавање на конфликтот во Украина додека го обвини Киев дека го отфрла.

    Во отсуство на напредок во однос на Украина, целта на самитот беше, пред сè, да се покажат силните односи меѓу Русија и Кина во време на зголемени тензии меѓу двете земји и Западот.

    Во заедничката декларација, двајцата водачи го нападнаа Западот, ги обвинија САД дека ја „поткопуваат“ меѓународната безбедност за да ја зачуваат својата „воена предност“ и изразија загриженост поради зголеменото присуство на НАТО во Азија.

    Белата куќа соопшти дека ако Кина сака да игра конструктивна улога во конфликтот, треба да изврши притисок врз Москва да ги повлече руските сили од суверена украинска територија. Вашингтон смета дека Кси треба да разговара и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

    Пристигнувањето на Кси во Москва претставува важна поддршка за шефот на руската држава, против кого Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење минатата недела под обвинение за воени злосторства извршени во Украина.

    Кинескиот претседател беше во Москва во време кога Русија во голема мера ја преориентира својата економија кон Кина, а Западот и воведе санкции.

    Путин вчера објави дека е постигнат договор со Кси за големиот проект за гасоводот Power of Siberia Two, кој ќе и овозможи на Русија да и снабдува на Кина дополнителни 50 милијарди кубни метри гас годишно.

    Путин може да смета на поддршката на Пекинг за да ја пробие изолацијата што му ја наметна Западот од почетокот на конфликтот во Украина, како што е илустрирано со поканата на Кси да го посети во Кина оваа година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img