More

    Кинескиот министер бесен мавташе со прст пред камери поради посетата на Пелоси!

    spot_img

    Се појави видео од кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, чија вознемирувачка реакција ја пренесоа кинеските државни медиуми.

    Кинескиот министер за надворешни работи ја опиша посетата на Ненси Пелоси на Тајван како „тотална фарса“ и ги обвини САД за „нарушување на суверенитетот на Кина“.

    – Овие перверзни акции нема да го променат историскиот тренд на враќање на Тајван во татковината – рече Ји. Тој ги повтори претходните коментари на кинеските власти, кои отворено ги предупредија САД: „Оние кои си играат со оган ќе изгорат. Тие што ја навредуваат Кина ќе бидат казнети“.

    Да потсетиме, Ненси Пелоси долета за Тајпеј во вторникот вечерта, а во средата наутро имаше средба со шефот на тајванската администрација Цаи Инг-вен. Ова е нејзина прва посета на Тајван од 1997 година. Американската администрација, предупредена од кинескиот лидер дека „играњето со оган може да изгори“, го увери Пекинг за неговата посветеност на политиката „една Кина“, но се огради од посетата, велејќи дека Пелоси сама ги носи одлуките.

    Кина го смета Тајван за своја провинција и секогаш се спротивставува на каков било контакт меѓу претставниците на Тајпеј и актуелните функционери, особено високи функционери или војската од земјите со кои Пекинг има воспоставено дипломатски односи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img