More

    Кинескиот доктор Џианг беше херој кој им се спротивстави на властите

    spot_img

    Кинескиот доктор кој алармираше дека се прикрива епидемијата со вирусот Сарс во 2003 година почина од пнеумонија на 91 година во саботата во Пекинг, ги пренесува Би-Би-Си кинеските медиуми. Џианг Јанјонг стана познато откако ги искритикува тогашните власти во Кина дека прикриваат дека имало само неколку случаи на оваа смртоносна болест.

    По објавувањето на писмото властите морале да признаат дека почнала епидемијата. Бил отпуштен министерот за здравство и веќе во текот на ноќта истиот ден бил воведен карантин.

    – Почувствував дека морам да откријам што се случува, не само за да ја спасам Кина, туку и да го спасам светот – рече тој за своите постапки.

    Тогаш, во 2003 година, Сарс зарази повеќе од 8.000 луѓе ширум светот, а 744 од нив починале, според Светската здравствена организација. Џианг тогаш рабиотел во болница во Пекинг и решил да напише писмо во кое вели дека знаел дека повеќ од 100 луѓе имале Сарс, што е акутен вирус кој ги зафаќа дишните патишта. Во писмото тој ги разоткрил лагите на кинеското Министерство за здравство.

    Следната година, Џианг пак напишал писмо. Овојпат тој ја повикал Комунистичка партија на Кина да признае дека било погрешна репресијата на плоштадот Тијананмен во 1989 година, кога стотици, можеби илјадници цивили беа убиени. Џианг тогаш работел како хирург. Тој пишува како власта бескрупулозно користела митралези и тенкови.

    Исто така, во 2019 година, тој му напиша писмо на кинескиот претседател Си Џинпинг за да го осуди злосторство.

    Доктор Џианг е роден во 1931 година во богато банкарско семејство. Тој се запишал на медицина кога видел како неговата тетка умира од туберкулоза.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img