More

    Кинеската влада врши експерименти врз малцинствата?!

    spot_img

    Американскиот научник Ив Моро сфатил дека нешто не е во ред кога наишол на научен труд за генетиката на Тибетанците во Кина, објавува „Нејчр“. Bо 2022 година бил објавен научен труд на научници кои собрале крвни примероци од стотици Тибетанци и ги запишале генетските маркери на нивните Х хромозоми. Истражувачите наводно заклучиле дека анализата е корисна за форензичка идентификација.

    Во случајов, Моро се загрижил дека кинеските безбедносни сили се вклучени во трудот. Крвта се собирала на референтни картички, метод на полицијата. Покрај тоа, во 2022 година американската меѓународна организација „Хјуманс рајт воч“, меѓу другите, објавила дека во тек е програма за масовно собирање ДНК од тибетанската популација.

    Моро во трудот препознал соавтор од други трудови кои ги имал обележано како „дискутабилни“. Соавторот се викал Атиф Аднан, а сега е поврзан со арапскиот универзитет за безбедносни науки „Наиф“ во Ријад. Моро се запрашал за поврзаностите со безбедносните сили, па ги повикал уредниците на журналот да истражат дали Тибетанците информирано се согласиле да учествуваат во научната студија.

    Има показатели дека информираното учество во таквите истражувања не е пракса во Кина. Абдувели Ајуп, ујгурски лингвист кој бил приведен и затворен во Ксинџијанг, ги потврдил условите под кои луѓето даваат примероци крв, плунка или урина.

    Тој бил уапсен во август 2013 година, а објаснувањето на кинеските власти било дека бил вклучен во ујгурско сепаратистичко движење, па го обвиниле за економска измама, но тој тврди дека обвиненијата не се точни.

    Тој тврди дека бил предмет на нехуман третман од лекарите и медицинските сестри. Затворските службеници го принудувале да пие непознати таблети, па тој и другите затвореници биле принудени да се слечат и да се наредат за да можат да им извршат медицинска анкета и да им соберат крвни примероци.

    „Се чувствував како глушец“, вели Ајуп кој сега живее во Норвешка и е загрижен за брат му и сестра му кои, колку што знае, сѐ уште се во притвор.

    Во Кина има и истражувања за препознавање на етникумот според лицето. Авторитетите во Ксинџијанг користеле безбедносни камери со софтвер за препознавање лица за да ги идентификуваат лицата на Ујгурите и на Тибетанците. Ова очигледно укажува на сериозна расистичка политика на владата на Кина.

    Претставник на владата на Кина, пак, демантирал на интервју со „Нејчр“:

    „Кина е држава со закон. Приватноста на кинеските граѓани, независно од нивното етничко потекло, е заштитена со закон“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img