Кинеската трговска размена со Русија минатиот месец бележи значаен пораст, во услови кога официјален Пекинг отворено ги критикува санкциите што Запад ги воведе против Москва заради инвазијата врз Украина.
Податоците на кинеските царински служби покажуваат дека минатиот месец севкупната трговска размена со Русија се зголемила за 12,76 отсто на 11,67 милијарди долари. Споредбено со првиот квартал минатата година, тоа е пораст за над 30 отсто.
Русија е главен извезувач на нафта, гас, јаглен и земјоделски производи во Кина.
Пекинг засега одбива да ги нарече руските активности во Украина како инвазија и постојано ги критикува „нелегалните“ санкции на западните држави против Москва.
Пред самиот почеток на воената интервенција во Укрина, Кина и Русија прогласија „неограничено“ стратешко партнерство.