More

    Кина најави дека нејзиниот специјален пратеник за евроазиски прашања следната недела ќе ја започне својата мисија за изнаоѓање политичко решение за украинско-руската криза

    spot_img

    Кина најави дека нејзиниот специјален пратеник за евроазиски прашања следната недела ќе ја започне својата мисија за изнаоѓање политичко решение за украинско-руската криза, јавува Анадолија.

    Кинеското Министерство за надворешни работи објави дека Ли Хуи, специјалниот претставник на Кина за евроазиски прашања, од понеделник ќе ги посети Украина, Полска, Франција, Германија и Русија.

    – Тој ќе комуницира со сите страни заради политичкото решение на украинската криза – објави кинеската јавна телевизија CGTN.

    Соопштението дојде откако кинескиот претседател Си Џинпинг минатиот месец во нивниот прв телефонски разговор од почетокот на војната во Украина му кажа на својот украински колега Володимир Зеленски дека Пекинг ќе испрати специјален пратеник да најде решение за кризата.

    Ли Хуи има долго искуство во регионот и 10 години бил амбасадор на кина во Русија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img