Background

Кина ја разгледува понудата на САД за разговори за царините: „Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите“

Пекинг ја разгледува понудата на Вашингтон за разговори за царините од 145 проценти што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти кинеското Министерство за трговија, предупредувајќи ги САД дека мора да покажат дека нивните намери се „искрени“.

Министерството за трговија во Пекинг соопшти дека САД контактирале со Кина за да побараат разговори за царините на Трамп и дека вратата на Пекинг е отворена за дискусии, објави Ројтерс.

„САД неодамна презедоа иницијатива во неколку наврати да достават информации до Кина преку релевантни страни, велејќи дека се надеваат дека ќе одржат разговори со Кина. Обидот да се искористат разговорите како изговор за принуда и изнуда би пропаднал“, се истакнува во соопштението.

- Advertisement -
Ad image

Кинеското министерство додаде дека САД треба да ги исправат своите „погрешни“ постапки и да го откажат воведувањето на еднострани царини, како и дека Вашингтон мора да покаже „искреност“ во преговорите.

Предлогот на Пекинг за ослободување од царини
Кина состави список на американски производи што ќе ги ослободи од одмазднички царини од 125 проценти, вклучувајќи одбрани фармацевтски производи, микрочипови и млазни мотори.

Во исто време, американските претставници, вклучувајќи го и секретарот за финансии Скот Бесант и економскиот советник на Белата куќа Кевин Хасет, исто така изјавија дека се надеваат на напредок во ублажувањето на трговските тензии.

„Уверен сум дека Кинезите ќе сакаат да постигнат договор. И како што реков, ова ќе биде процес од повеќе чекори. Прво, треба да ја деескалираме ситуацијата, а потоа… ќе почнеме да се фокусираме на поголем трговски договор“, рече Бесант во интервју за „Фокс бизнис нетворк“.

Трамп во средата изјави дека верува оти постои „многу голема шанса“ неговата администрација да постигне договор со Кина, неколку часа откако кинескиот претседател Си Џинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за да се прилагодат на промените во меѓународната средина, без да ги спомене САД.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation