Кина испраќа сили во Русија на заеднички воени вежби

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Пекинг ќе испрати свои сили во Русија, каде на крајот на месецот ќе учествуваат на заедничка воена вежба за „јакнење на соработката“ меѓу двете војски, соопшти кинеското Министерство за одбрана.

Кина и Русија тесно соработуваат во одбраната и Пекинг рече дека сака билатералните врски да ги подигне „на повисоко ниво“, и покрај меѓународната осуда на Русија поради војната во Украина.

Во соопштението за печатот објавено во средата, се наведува дека Кина ќе учествува на годишната вежба „Исток“ („Восток“), која, според Москва, треба да се одржи од 30 август до 5 септември, во рамките на соработката со Русија.

Целта е да се зајакне практичната и пријателска соработка со армиите на земјите учеснички, да се подигне нивото на стратешка соработка меѓу учесниците и да се зајакне способноста за реагирање на безбедносни закани“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

Во вежбата, меѓу другите, учествуваат Индија, Белорусија, Монголија и Таџикистан.

Во последниве месеци, Кина и Индија беа обвинети дека дипломатски ја штитат Русија бидејќи се противат на западните санкции и продажбата на оружје на Украина.

Но, Пекинг тврди дека неговото учество во воената вежба „нема никаква врска со моменталната ситуација во регионот и во светот“.

Ова е втора воена вежба меѓу Кина и Русија годинава.

Вашингтон редовно изразува загриженост за приближувањето на Кина и Русија, оценувајќи дека тоа ја загрозува меѓународната безбедност.

- Advertisement -
Ad image

Одговарајќи на прашање за учеството на Кина во заедничката воена вежба, портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс, сепак, рече дека САД „немаат конкретен коментар“.

„Повеќето од овие земји редовно учествуваат во голем број вежби и воени размени со САД“, рече тој на прес-конференцијата.

Share This Article