More

    Кина им се заканува на САД

    spot_img

    Кинескиот претседател Си Џинпинг, според државните медиуми, го осуди „угнетувањето“ на неговата земја од страна на САД. Под водство на САД, западните земји „ја изолираа, опколија и потиснаа Кина, што за развојот на нашата земја претставува невиден предизвик“ – рече Џинпинг во говор пред делегатите на Политичката консултативна конференција на кинескиот народ, пренесува кинеската државна новинска агенција Ксинхуа. Конференцијата обично се одржува во исто време со Националниот народен конгрес во Пекинг.

    Кина, според Си, во последните години се соочи со голем број нови пречки кои се заканија да го забават економскиот раст. Соочени со „длабоки и сложени промени и на национално и на меѓународно поле, Кина мора да има храброст да се бори“, рече 69-годишниот шеф на државата, кој треба да го започне својот трет мандат.

    Министерот за надворешни работи ги предупреди САД од „катастрофални последици“

    Слична изјава даде и кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг. Во изјава за новинарите, тој рече дека ако САД „не згазнат на сопирачка, туку продолжат да го следат погрешниот пат“, дури ни браниците нема веќе да можат да спречат излетување од шините. Тогаш сигурно се закануваат „конфликти и конфронтации“, рече дипломатот и предупреди на „катастрофални последици“.

    Според Чин, САД ја гледаат Кина како свој главен противник и како најсериозен геополитички предизвик. Последица на оваа претпоставка е тоа што политиката на Американците за Кина целосно се оддалечила од „рационалниот пат“. Иако Вашингтон зборува за конкуренција, во реалноста сака да ја потисне Кина во сите области, оцени тој.

    Кина и САД се во жестока економска конкуренција. Спорни прашања меѓу Вашингтон и Пекинг се трговијата и човековите права. Покрај тоа, тука е и соборувањето на кинескиот балон над источниот брег на САД, за кој Белата куќа соопшти дека се користел за шпионски цели. Кина го негира тоа.

    Во однос на Тајван, односите меѓу Кина и САД неодамна значително се влошија. Американските власти постојано предупредуваат од можна кинеска инвазија на Тајван. Кина го гледа Тајван како отцепена територија.

    Во врска со спорот за Тајван, Чин ги повика САД да престанат да се мешаат „во внатрешните работи на Кина“. Тој ја осуди продажбата на американско оружје на Тајван.

    – Ќе продолжиме да работиме кон мирно обединување со најголема искреност и напор“, рече министерот. Сепак, тој додаде дека Кина го задржува правото „да ги преземе сите неопходни мерки“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img