Специјалниот претставник на Кина за Блискиот Исток, Исток Жаи Јун, ја припишува кризата во односите меѓу Израел и Газа „на недостатокот на гаранции за легитимните, национални права на Палестинците“.
Жаи слета во Катар каде што заедно со рускиот пратеник Михаил Богданов ја координираше позицијата на Пекинг со Москва во однос на нивните напори за деескалација на конфликтот во Газа.
Кина и Русија го делат истиот став кога станува збор за палестинското прашање.
-Клучната причина поради која ја имаме оваа ситуација во палестинско-израелскиот конфликт е тоа што на палестинскиот народ не му се гарантирани неговите легитимни национални права – рече Жаи, еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин разговараше со кинескиот лидер Си Џинпинг во Пекинг.
По средбата во Катар, пратеникот Жаи потврди дека Кина е подготвена да ја продолжи комуникацијата и координацијата со Русија за смирување на израелско-палестинскиот конфликт.