More

    Ким Џонг-Ун денеска ќе ги посети руските воени фабрики

    spot_img

    Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун го покани рускиот претседател Владимир Путин во неговата земја за време на нивните разговори во Русија, објавија утринава државните медиуми, при што се очекува Ким да го продолжи своето патување со посета на воено производствени капацитети.

    „Путин ја прифати поканата“, објави Корејската централна новинска агенција (КЦНА), без да прецизира кога би можела да се одржи посетата, пренесе БТА.

    Ким Џонг-Ун му рекол на Путин дека средбата на рускиот Далечен Исток ги подигнала билатералните врски на ново ниво и ја изразил својата подготвеност да поттикне стабилни односи насочени кон иднината во следните сто години.

    Двете страни се договориле дополнително да ја зајакнат стратешката и тактичката соработка наспроти „воените закани, провокациите и тиранијата на империјалистите“, пренесе БТА.

    Севернокорејскиот лидер ги нарече врвен приоритет односите на неговата земја со Русија и вети целосна поддршка за Путин и неговата влада среде војната во Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img