Ким Бесинџер денес изгледа непрепознатливо

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Славната актерка Ким Бесинџер е фотографирана додека шета низ Лос Анџелес, а притоа изгледа непрепознатливо. Во последните неколку години, Ким ретко се појавува во јавноста, а сега се подготвува за големо појавување на црвениот тепих по речиси пет години за да го поддржи засолништето за животни за кое се залага.

 

 

Ким носела сива обична маица, светлосиви тренирки и црна јакна, а од сонцето се сокрила зад црните очила за сонце под големиот сламен шешир. Целиот изглед остава впечаток дека сака да остане незабележана, а на многумина познатата актерка им изгледала непрепознатливо во ова издание.

Ким последен пат беше видена во март кога пристигна во холивудскиот бар „Jumbo’s Clown Room“ додека нејзината ќерка Ајрланд имаше прослава во пресрет на породувањето. Ајрланд, ќерката на Ким и нејзиниот поранешен сопруг Алек Болдвин, во мај роди девојче. На таа забава таа беше во друштво на долгогодишниот партнер Мич Стоун, фризер на славни личности.

 

- Advertisement -
Ad image

Минатата година Бесинџер беше гостин на „Разговор на црвената маса“ со ќерката Ајрланд, каде што зборуваше за својата повлеченост. Таа рече дека живее во страв од престој на отворено или во ситуации кои можат да предизвикаат паника и чувство на заробеност, беспомошност или засраменост, односно агорафобија. Таа исто така откри дека нејзината состојба ескалирала до таа мера што не сакала да ја напушти куќата или да прима посети.

„Тоа е како нешто целосно да се затвори во вас и мора повторно сè да научиш. Устата постојано ти е сува, се тресеш и цело време си исцрпена“, ја опишала својата состојба тогаш и ја раскажала приказната за нападите на паника додека одела во продавница.

„Тоа беше продавница во мојата населба, кошницата ми беше речиси полна, а нешто навистина ме совлада на таков начин што не можев да дишам. Ја оставив кошницата среде продавница и отидов до автомобилот, по што не возев шест или седум месеци“, рекла Ким.

- Advertisement -
Ad image

ФОТО: Инстаграм

Share This Article