Четири села на југоистокот на Украина и пет километри од линијата на фронтот се првите придобивки од големата контраофанзива чиј почеток по подолго молчење го потврдија украинските сили. Си-Ен-Ен пишува дека загубите за Украина се големи во првите денови од операцијата – Русите уништија 16 американски оклопни возила Бредли, додека авиони Ф-16 уште нема од сојузниците.
За оклопните „Бредли“ извести холандската вебстраница Oryx, а според статистиките тоа е една седмина од вкупно 109-те оклопни возила кои Вашингтон му ги доставил на Киев.
Боречкото возило Бредли, кое се движи по пруги наместо тркала, може да собере околу 10 војници и се користи за транспорт на војници во битка додека обезбедува огнена поддршка.
Кога првата серија од повеќе од 60 Бредли беше испратена во Украина кон крајот на јануари, Ребека Д’Анџело, потполковник на американската армија, рече дека оклопните возила ќе бидат важни за офанзивните операции на Киев.
Но, кога Вашингтон во јануари објави дека ќе ја снабди Украина со Бредли, воениот аналитичар на Си-Ен-Ен, Џејмс „Спајдер“ Маркс , пензиониран генерал, рече дека на Бредли-те ќе им треба комбинација од други способности, вклучувајќи воздушна поддршка, артилерија со долг дострел и остра разузнавачка служба.
– Опремата како Бредли е прекраснa, но треба да се користи заедно со сите други мотори – рече тој тогаш.
Споменатите загуби се меѓу речиси 3.600 парчиња воена опрема што Украина ги загуби во војната, според холанскиот сajт Oryx. Oд друга страна, вебстраницата вели дека документирала загуба на повеќе од 10.600 парчиња руска воена опрема.
Во изјавата во понеделникот, Москва тврди дека уништила неколку украински оклопни возила во регионот Запорожје.
„Непријателските оклопни сили во моментов започнуваат сѐ повеќе и повеќе напади во правец на Запорожје. Сепак, руските противтенковски трупи им стојат на патот, ладнокрвно претворајќи ги западните оклопни возила во отпад“, соопшти руското Министерство за одбрана.
Во соопштението не се наведува за какви возила станува збор.
Во меѓувреме, видеа објавени на социјалните мрежи прикажуваат украински војници како го креваат украинското знаме во селото Сторожево во областа Доњецк и министерот за одбрана ѝ се заблагодарува на 35-та одделна бригада на маринци за тој воен успех, пренесува Ројтерс.
Украинското напредување, доколку се потврди, изгледа скромно со оглед на тоа што Макаривка е на околу 5 километри од линијата на фронтот и 90 километри од јужниот пристап до рускиот мост на Азовското Море.
На Украина ѝ треба значително повеќе германски оклоп во услови на интензивни борби со Русија, изјави контроверзниот поранешен амбасадор во Берлин, Андреј Мелни,к во интервју објавено во неделата.
– На украинската армија најитно ѝ требаат уште многу западни борбени тенкови, пешадиски борбени возила и друг оклоп – рече тој за германски Тагесшпиел, додавајќи дека „секој Леопард 2 буквално вреди злато за одлучувачката офанзива“.
Мелник беше амбасадор на Киев во Берлин до јули минатата година, но беше разрешен по низа контроверзни забелешки, вклучително и неговата одбрана на Степан Бандјера, украински националист кој соработувал со нацистите за време на Втората светска војна.
Тој, исто така, често излегуваше на наслови со навредливи коментари насочени кон германските политичари, а еднаш го означи канцеларот Олаф Шолц како „навреден како црн дроб“ поради неговата неподготвеност да го посети Киев.