Киев ѝ се лути на Монголија зашто не го уапси рускиот лидер

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Георги Тихи изјави дека неуспехот на Монголија да го приведе рускиот лидер Владимир Путин е тежок удар за Меѓународниот кривичен суд(МКС) и за системот на кривичната правда.

Претходно оваа недела, Киев ги повика властите во Улан Батор да го уапсат Путин за време на неговата посета на земјата, според налогот за апсење кој беше издаден од МКС во 2023 година.

Путин пристигна во посета на Монголија на 2 септември, а денеска тој беше пречекан на свечена церемонија во главниот град Улан Батор. Медиумите пишуваа за грандиозниот пречек на рускиот лидер, за црвениот тепих кој му беше постелен уште на аеродромот. „Путин по стапките на Џингис Кан“, гласат коментари на социјалните мрежи. Путин се сретна со неговиот колега Унагин Хурелсух.

Монголија е една од 124 земји-членки на судот, кои се обврзани да го уапсат и да го предадат на судење во Хаг доколку тој стапне на нивна територија. Наредбата на МКС го обвинува Путин за незаконско депортирање на стотици деца од Украина.

Кремљ го отфрли обвинението, велејќи дека е политички мотивирано.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва не е загрижена за каква било акција по налогот за апсење на Путин. Тој нагласи дека Русија има одлични односи со Монголија и однапред се разговарало за сите аспекти од посетата на шефот на државата.

 

 

 

- Advertisement -
Ad image
Share This Article