Кевин Костнер се огласи по победата во битката за алиментација

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Актерот Кевин Костнер се огласи откако судот во Санта Барбара по дводневното сослушување кое започна во четвртокот, пресуди во негова корист за алиментацијата што ќе мора да ја плати на поранешната сопруга Кристин Баумгартнер. Неговите зборови, како и судењето имаа голем одек.

„Ужасно е да се биде овде, но тука сме. Чувството е многу лошо. Зборуваме за некој што го сакам, а кој е на другата страна, едноставно не можам“, изјавил Кевин Костнер за „Аксес Холивуд“ откако судот пресуди дека тој треба да и плаќа на поранешната сопруга 63.000 долари месечно, што е мошне помалку од износот што таа го барала (околу 160.000 долари).

Сумата што ќе ја плаќа се совпаѓа со неговото барање и е помалку од половина од привремената алиментација од 129.000 долари што Кристин во меѓувреме ја добиваше.

На прашањето дали сè уште ја сака својата отуѓена сопруга, актерот одговорил: „Секако“.

Кевин Костнер претходно ги коментираше тврдењата за алиментацијата на Кристин Баумгартнер со остри зборови, тврдејќи дека таа е „неразумна и води безмилосен џихад против него“.

Кевин Костнер, кој беше 19 години во брак со Кристин, со која има три деца, тврдеше дека таа зела 20.000 долари од друг маж. Тој човек е нивниот заеднички пријател Џош Конор кој наводно бил во врска со Кристин, што таа негирала пред судијата.

Првото барање на Кристин за алиментација било месечниот износ од 248.000 до 175.057 долари, а потоа таа бројка била намалена на 161.592 долари. Судот одлучи: Кевин Костнер ќе плаќа 63.209 долари месечно. Неговата поранешна сопруга сè уште не ја коментирала одлуката.

Share This Article