Легендарниот Пеле веќе еден месец е во болница.
На 29 ноември Пеле беше примен во болницата Алберт Ајнштајн во Сао Паоло, а лекарите минатата среда објавија дека болеста напредувала и дека Пеле има проблеми со бубрезите и срцето. Оттогаш тие не објавија никаква вест за здравствената состојба на Пеле.
На социјалните мрежи возврати една од неговите ќерки.
„Тешко е да се опишат овие моменти. Понекогаш има многу тага и очај, додека друг пат се смееме и паметиме забавни спомени“, напиша Кели Насименто на Инстаграм.
Во болница се и други членови на семејството.
„Од ова научивме дека мора да се држиме заедно. Тоа е единствениот начин“, напиша Кели.