Ќерката на Мадона, Лурдес Леон (Лола), позирала гола за време на снимањето на рекламата за брендот „Дион Ли“.
Лурдес на социјалните мрежи објави фотографија на која седи на работна маса, а околу половината имала златен синџир.
Воодушевените обожаватели ѝ упатија само пофални зборови. „Најзгодната девојка на светот“, „Совршена си“, „Секоја чест на храброто издание“, се само дел од коментарите на Инстаграм.
На друга фотографија, пак, позира облечена во кожен градник и високи чизми. Лурдес стои зад црната кожена чанта „Дион Ли“, која ги покрива нејзините облини. Чантата чини 990 долари.
Во февруари, Леон ја носеше ревијата на Луис де Хавиер на Модната недела во Њујорк. Таа прошета по пистата во тесен мини фустан на кој имаше ѓаволски рогови.
Многумина сметаа дека таа не требало да учествува на овој моден настан кој, како што тврделе, бил промоција на сатанизмот.
Лурдес сними кампања и за модниот бренд „Клои“.
Неодамна ја сними и својата прва кампања за „ХД скин паур фондејшн“.
Мадона ја доби Лурдес во 1996 година со моделот и актер Карлос Леон. Поп кралицата со него беше во врска од 1994 година до 1997 година.
ФОТО: Инстаграм