More

    Ќерката на Балашевиќ проговори за инвалидитетот

    spot_img

    Јелена Балашевиќ (38), ќерката на починатиот музичар Ѓорѓе Балашевиќ, веќе 24 години се справува со инвалидитетот како последица на тешка сообраќајна несреќа во која страдала. Сега, преку емотивна објава таа се присетила на предрасудите што ја следелe во животот поради тоа.

    – Таму некаде во 2001 година, кај катедралата, предвечер на 1 јануари, група момчиња покрај кои поминував, во навивачка мелодија ги сместиле стиховите: „Научи да одиш! По ѓаволите, научи да одиш! Научи да одиш… Кутра јас ? Не сум. Неколку години наназад од таа ноќ, моите родители го прашаа докторот колку  шанси имам да преживеам: „Малку, за жал“ – напишала таа.

    – Моите родители го прашаа: „Колку малку? Дали има барем еден отсто?, а докторот одговорил, „Толку отприлика има“. Кутрата јас што група момци ми пеат на улица за да научам да одам? Не сум. Јас поминав низ пеколот и излегов од него. Дали е грдо? Е. Дали е очекувано? Е. Дали беше единствениот пат во овие 23 години некој да дофрла или да го коментира мојот од? Не – додала таа.

    – Тоа беше само едно од првите искуства со луѓе во овој нов живот. Како личност со забележителна физичка попреченост, рано учите дека од десет луѓе, само еден ќе покаже сочувство и разбирање. За останатите девет, вашиот проблем е чист сензационализам. И така е. И „пеколот е празен, сите ѓаволи се тука“ и „пеколот тоа се другите“ и море други цитати на истата тема од многу попаметни од мене. Одамна воочено. Животот ме научи рано и доста сурово што го забележа поетот додека ги броеше луѓето од крстот. Сега би им кажала благодарам на сите мои луѓе, познати и непознати, но признати, чувствителни, добри и нормални, но знам дека нивната поддршка не е услуга и затоа нема – ја завршила објавата Јелена.

    Јелена имала сообраќајна несреќа во 1998 година. Автомобилот во кој се наоѓале се превртел на покривот, а тогаш вратните пршлени ѝ испаднале од ‘рбетот, поради што ѝ биле одземени сите екстремитети. Таа тогаш имала силна желба повторно да може да се движи и неверојатно е како успеала да се опорави. Сепак, вели дека тогаш не наишла на поддршка од сите, дека имало и такви кои ја понижувале и навредувале.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img