More

    Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит јавно се откажа од презимето на татко ѝ

    spot_img

    Посвоената ќерка на поранешна актерска двојка Анџелина Џоли и Бред Пит, Захара Џоли-Пит се откажа од презимето на својот татко и тоа го соопшти на јавен настап.

    18-годишната Захара која сега е студентка на Универзитетот Спелман во Атланта и неодамна се приклучи на првото црно сестринство во историјата на Алфа Капа Алфа.

    На социјалните мрежи се шират видеа од иницијацијата, а многу фанови беа изненадени од јавниот настап на Захара. Имено, таа за време на прославата застанала пред поголема група луѓе и гласно рекла: „Се викам Захара Марли Џоли“, откривајќи дека се откажала од презимето на нејзиниот татко.

     

    Видеото одекна на социјалните мрежи, а речиси сите заклучија дека Пит веројатно не бил ни свесен за овој факт.

    „Тие деца не зборуваат со него“, „Тој сигурно не го знаел ова“, „Тој штотуку дозна“, се само дел од коментарите кои обожавателите ги напишаа на социјалните мрежи.

    Многумина веруваат дека Захара го прекинала контактот со својот татко поради браќата Медокс и Пакс, со кои Пит со години нема никаков контакт. Наводно, Џоли поднела барање за развод поради пресметката на актерот со Медокс во приватен авион, кој тогаш сакал да ја брани мајка си.

    Поранешните сопружници сѐ уште не успеале да се договорат за старателството на нивните шест деца. И покрај тоа што тројцата најстари, Медокс, Пакс и Захара, веќе не се малолетни, тие се расправаат кој ќе ги одгледа близнаците Вивиен и Нокс (14).

    За потсетување, Анџелина Џоли поднесе противтужба против Бред Пит во која упати сериозни обвинувања против нејзиниот поранешен сопруг. Таа детално го опиша настанот што го оквалификува како злоставување во приватен авион во 2016 година.

    „Кога едно од децата вербално ја бранеше Џоли, Пит му се нафрли на сопственото дете, а Џоли го фати одзади за да го спречи “ – се наведува во документите доставени до судот.

    Портпаролот на Пит изјави за Си-Ен-Ен дека наводите се „целосно лажни и дека Анџелина користи лаги за да ги сврти децата и јавноста против нивниот татко“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img