More

    Кенет Јуџин Смит ќе стане првиот човек во САД кој ќе биде погубен со азот

    spot_img

    Кенет Јуџин Смит ќе стане првиот човек во САД кој ќе биде погубен со азот. Додека ги поминува последните денови до смртна казна, тој вели дека го прогонуваат мислите за непроверениот процес.

    Смит е еден од двајцата мажи осудени за убиство на сопругата на свештеник во Алабама во 1989 година, која беше пронајдена избодена и претепана до смрт. Но она што е интересно во неговиот случај е тоа што тој  е еден од ретките луѓе во Америка кои двапати ќе бидат однесени да бидат погубени бидејќи џелатите првиот пат не успеале во нивниот план.

    Во извршувањето на смртната казна првиот пат Смит требало да биде погубен со смртоносна инјекција, но џелатите не можеле да ја погодат вената поради тешките исеченици што ги имал, а сега ќе го користат методот на асфиксија со азот.

    Овој пат државата Алабама го одобри планот да го задуши Смит така што ќе му стави херметичка маска на лицето и ќе го принуди да вдишува чист азот, гас што ќе го задуши.

    Високиот комесаријат на ОН за човекови права минатата недела изјави дека досега неупотребениот метод може да се смета за тортура или друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и повика на прекин на постапката.

    Конечната жалбена одлука сѐ уште не е донесена откако федералниот суд го одби барањето на неговите адвокати за одложување на извршувањето. Смит треба да биде погубен во четврток. „Моето тело само се распаѓа, постојано губам килограми“, изјави Смит за Би-Би-Си во писмениот одговор на прашања.

    „Постојано ми се гади. Редовно добивам напади на паника и ова е само мал дел од она со што се справувам секојдневно. Мачење, всушност“ – напиша Смит. Тој ја повика државата Алабама „да ја запре егзекуцијата пред да биде предоцна“.

    Државата тврди дека егзекуцијата со азотен гас брзо ќе предизвика несвест, но не прикажа убедливи докази.

    Алабама има една од највисоките стапки на егзекуција по глава на жител во САД и моментално 165 луѓе во државата чекаат извршување на смртна казна.

    Од 2018 година, државата е одговорна за три неуспешни обиди за погубување со смртоносна инјекција во кои осудените затвореници преживеале. Неуспесите доведоа до внатрешна ревизија која во голема мера ги обвини самите затвореници, тврдејќи дека не им било дадено доволно време на џелатите да ја спроведат постапката.

    Гувернерот на Алабама Кеј Ајви, кој има моќ да ги запре судските убиства, одби да ги коментира предупредувањата и наводите на експертите против државата. Канцеларијата на јавниот обвинител ја нарече загриженоста на ОН „неоснована како онаа на Смит“.
    Републиканскиот пратеник Рид Инграм, кој гласаше за одобрување на егзекуции со азот, исто така ги отфрли критиките на ОН.

    – Не знам за понижување, не знам за нехумано, мислам дека се подобруваме. Мислам дека процесот е можеби подобар од она што Смит и го направи на жртвата. Нашиот гувернер е христијанин. Се разговараше за сѐ и мислиме дека ова е правична казна. Сигурен сум дека е тешко за семејството, но тоа е закон – изјави Инграм.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img