Популарната американска пејачка Кејти Пери неодамна ги загрижи фановите со своето однесување на концертот во Лас Вегас. Сега таа откри што се крие зад сето тоа.
Да потсетиме, Кејти Пери се бореше да го отвори едното око среде настап. Додека едното око постојано ѝ беше затворено, таа брзо трепкаше со другото. Пејачката во еден момент се обиде да ја „поправи ситуацијата“ со раката, додека многумина забележале и дека пејачката делува вознемирено.
Како и да е, Кејти брзо се собра и продолжи со настапот, а бизарното видео како молња се прошири на социјалните мрежи. Пејачката сега ја откри вистината за тоа што се крие зад оваа бизарна ситуација.
Имено, Кејти, која настапила во краток фустан со лименки, открива дека нејзиното „оштетување“ на окото всушност било трик за промоција на шоуто.
Во објавата на Инстаграм, таа го сподели бизарното видео со објаснување: „Кога ќе ги видите новите датуми на PLAY 2023“, со што ги покани фановите да ѝ се придружат и следната година на спектаклот.
Кејти ја започна својата турнеја „Play“ во Лас Вегас во декември 2021 година, а брзо заработи бројни пофалби. Сепак, пејачката продолжи на уникатен начин да ја „привлекува“ публиката.
По кратката игра што им ја приреди на своите обожаватели, некои се пошегуваа дека пејачката изгледа како да се „расипала“, а други сериозно се загрижени за здравствената состојба на пејачката.
Кејти Пери успешно го балансира приватниот и деловниот живот. Таа е во врска со актерот Орландо Блум шест години, а во 2020 година ја добија ќерката Дејзи Дов Блум. Орландо го има и синот Флин со манкенката Миранда Кер.
ФОТО: Твитер