More

    Ќе зборуваше ли Ахмети македонски да не се здружевме?

    spot_img

    Али Ахмети немаше да се мачи да прозбори македонски јазик ако не се обединеше албанската опозиција, велат во заедничко соопштение партиите Алтернатива, Беса и Демократско движење. Тие порачаа дека оваа, според нив, „политичка перверзија на ДУИ ќе биде казнета од Албанците“.

    „После вчерашното интервју на Али Ахмети каде се мачеше да покаже дека знае македонски јазик, сакаме да го соопштиме следното: Mожеби е време за следната теза – ДУИ го пушта СДСМ низ вода и почнува кампања за да им се допадне на Левица и ВМРО-ДПМНЕ. Дали заштитата на нелегално стекнатиот имот на првенците на ДУИ им е помил од почетокот на ЕУ преговорите?“,  стои во заедничкиот проглас на дел од албанските опозициски партии и се додава:

    „Што е следно, екипата околу Ахмети да станат комити? Наградното прашање е дали Ахмети ќе зборуваше македонски ако не се здружуваше Албанската опозиција? Оваа политичка перверзија на ДУИ ќе биде казнета од Албанците. Не одлучува ниту СДСМ ниту ВМРО-ДПМНЕ, туку Албанците одлучуваат кој ќе го претставува нивниот глас после следните избори“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img