Ќе влеземе во ЕУ само кога Судот во Скопје ќе биде доверлив како Судот во Берлин, порача Таравари

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Оваа недела се навршија 12 години од монтирањето на случајот „Монструм“ во врска со петкратното убиство кај Смилковското Езеро. За ова дело, фабрикувано од параполитичките структури, петмина невини Албанци се осудени на доживотен затвор или на максимална казна. Од страната на власта, оваа годишнина беше третирана како и сите други: со молчењето што ја карактеризира вината, порача кандидатот за претсдател од редовите на ВРЕДИ, Арбен Таравари.

– „Монструм“, „Сопот“, „Бродец“, „Алфа“, „Диво Насеље“ и други, сите се имиња кои нѐ потсетуваат на отворената рана во нашето општество, онаа на селективна правда која ги угнетува Албанците. Овој систем на неправда го претвори Албанецот во парче месо, за политички пресметки или за туркање на шовинистичката агенда секогаш кога се загрозува нечија власт. Селективната правда во политички мотивираните случаи, но и се поголемата неказнивост по измената на Кривичниот законик, не доведоа до ситуација во која само 2% од граѓаните веруваат во правдата. Јас како претседател на Републиката ќе преземам конкретни чекори за решавање на политички монтираните случаи и за враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем. Со коалицијата ВРЕДИ, како врвен приоритет ќе имаме формирање на независно, ефективно и правично судство, каде никој нема да биде над законот и никој нема да биде потиснат поради националната припадност. ВРЕДИ се обврзува за создавање на привремено тело на западни експерти, главно од европски земји, кои ќе бидат интегрирани во обвинителските и судските совети на Северна Македонија со шестгодишен мандат. Ова тело ќе ја следи работата на домашните судии и обвинители. Но и самите ќе придонесат како судии и обвинители – порача Таравари.

Со доаѓањето на ВЛЕН на власт, сите жртви на монтираните случаи ќе бидат ослободени и обештетени, додаде тој.

– Ќе го истуркаме законот за ветинг на судии и обвинители и целосно ќе го реформираме системот за избор, унапредување, дисциплинирање и разрешување на судии и јавни обвинители. По народниот плебисцит од 24 април и 8 мај, во нашиот правосуден систем нема да има место за корумпирани судии и обвинители со југословенски менталитет. ВРЕДИ ќе направи европеизација на правосудниот систем, како неопходен услов за запирање на епидемијата на корупција и селективна правда. Можеме да станеме земја-членка на ЕУ само кога Судот во Тетово и Скопје ќе бидат доверливи како Судот во Берлин или Бон. Друг начин нема. Промената започна и не престанува. Правдата ВРЕДИ затоа што е предуслов за инклузивно општество, за демократија и за економски развој.

Сега му давам збор на г. Сабри Азири, член на семејството на Хаки Азири и Фејзи Азири, двајца од неправедно осудените Албанци на 9 и 15 години затвор во случајот Монструм.

Share This Article