ЌЕ СЕ ОГРАНИЧАТ ПРОВИЗИИТЕ НА СÈ И СЕШТО СО КОИ БАНКИТЕ ГИ ЦИЦААТ ГРАЃАНИТЕ

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Граѓаните, кои секојдневно ги користат услугите на банките, се сведоци на високите трошоци и провизии како на пример за одобрување кредити, одржување сметки, провизиите за проверка на трансакциска сметка, па дури и повлекување пари од друга банка, доколку е различна од банката депонент на граѓаните – посочува партиајта ЛДП, која заедно со пратениците од Левица и на ДОМ, поднесе Предлог-закон за платни системи, кој се разгледува во рамки на 120-тата седница во Собранието.

Од партијата велат дека овој предлог закон предвидува значително намалување или укинување на банкарските трошоци и провизии. На тој начин се намалуваат и месечните издатоци на граѓаните со што се чекори поблиску кон поправедна финансиска иднина за сите.

– Секој од нас како пратеник е свесен дека, иако овие прашања се дел од интерната политика на банките, сепак потребно е законска регулираност бидејќи станува збор за остварување на огромен профит. Кога ќе ги погледнеме неверојатните профитни маржи во банкарскиот сектор, што беше особено очигледно за време на ковид пандемијата, јасно е дека овие институции тоа го прават и на товар на граѓаните. Со предложениот закон не се обезбедува само финансиска праведност, туку и поправедно и урамнотежено општество во целост. Во нашиот стремеж за правична финансиска иднина за сите граѓани, ги повикуваме и останатите пратеници и партии да ја дадат својата поддршка на овој предлог-закон – порачуваат од ЛДП.

И вонпарламентарната партија Македонски Концепт соопшти дека дава целосна поддршка на иницијативата за измена на Законот за платежни услуги и платни системи, со која се предвидува забрана за наплата на провизии и надоместоци за отворање, водење или затворање на трансакциска и девизна сметка за физички и правни лица, за отворање и водење на дебитна или кредитна картичка, забрана за месечни членарини, забрана за наплаќање за ажурирање на лични податоци на корисниците на платежните услуги, промена на статусот на корисникот на платежна услуга (од резидент во нерезидент и обратно), промена на дневен лимит или промена на пинови, за аплицирање или промена на дозволено пречекорување, регистрање и овозможување непречено користење на услугата електронско банкарство и електронско плаќање (активен профил), како и услуги на мобилно банкарство (инсталација, регистрација, обнова на УСБ сертификати и сл.), поднесена од група пратеници и доставена во Собранието.

Share This Article