More

    ЌЕ СЕ МЕНУВААТ ЗАКОНИТЕ ЗА ГРАДЕЊЕ И ЗА УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ

    spot_img

    Законот за градба и законот за урбанистичко планирање треба да претрпат темелни реформи, бидејќи се работи за закони коишто не го пратат чекорот со времето. Министерството за транспорт веќе работи на измените на двата закона и кога ќе бидат готови ќе се повика јавноста да даде свое мислење за нив, најави министерот за транспорт Александар Николоски.

    – Тоа е реалност, законите мора темелно да се изменат, но од друга страна имаме бурни реакции од поединци во јавноста кога ќе се споменат измени на овие два закона. Без да се прочита текстот се прави хистерија дека секоја измена ќе направи хаос во градењето. Да потсетам имавме измени на законот за урбанистичко планирање и се крена хистерија. И што се случи? По три месеци никаков хаос не се случи. Се случи дека градинки, училишта и болници се градат под олеснети услови. Сега нема општина која не почнала да гради или планира да гради вакви објекти – рече Николоски.

    Тој информира дека во Министерството за транспорт веќе се работи на измени на двата закона и кога ќе бидат готови текстовите ќе се дадат на јавна расправа.

    – Овие закони апсолутно мора да се сменат и ние работиме на тоа. Апелирам јавноста кога ќе бидат готови текстовите и дадени на расправа да ги следи измените онака како што се подготвени и да даде мислење, а не да се приклучуваат на хистеријата која ја предизвикуваат одредени кругови – рече Николоски.

    Тој не кажа какви измени се подготвуваат во двата закона и кога јавноста ќе може да даде свое мислење за измените.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img