More

    Ќе се изработи 3Д мапа, ќе се снима до август

    spot_img

    HERE Technologies, глобален лидер во дигитални мапи и карти и услуги за локација, ќе изработува тродимензионални (3D) мапи на делови од Република Северна Македонија како дел од своите напори да понуди најнапредни карти и мапи во светот.

    HERE ги поминува улиците во земјава од мај до август 2023 година со автомобил опремен со најнова технологија за снимање на прецизни и точни податоци за патиштата, вклучувајќи линии на патеката и сигнализација. Јасно означениот HERE автомобил ќе сними и тродимензионални и слики на ниво на улиците, како и места од интерес како продавници, бензински станици и ресторани.

    Информациите ќе бидат искористени за создавањето богати и детални карти и мапи на Република Северна Македонија, кои се наменети да поддржуваат високо автономни возила и други напредни услуги кои ја подобруваат безбедноста на патиштата, ги намалуваат гужвите во сообраќајот и овозможуваат луѓето поедноставно да се движат во градските области.

    Во наредните неколку недели, возилото ќе патува по сите главни автопати и магистрали во целата земја и по улиците во одредени градови. Целиот процес е без прекин и нема да влијае на редовниот сообраќај.

    Од HERE велат дека ја почитуваат и штитат приватноста на луѓето. Снимените слики ќе се чуваат во возилото и подоцна ќе се пренесат во шифрирана форма во безбедни објекти. Кога ќе се пренесат, сликите се обработуваат со најсовремени софтвер и напредни алгоритми за откривање и замаглување на лица и регистарски таблици. Сликите се објавуваат само откако лицата и регистарските броеви се целосно замаглени.

    Ако сликата не е правилно замаглена, HERE овозможува да ја пријавите сликата со кликање на линкот „Пријави слика“ во долниот лев агол на мапата.

    За повеќе детали за проектот, како и да дознаете за HERE и заштитата на вашата приватност и да уживате во богатото искуство со мапирање, посетете ја страницата http://www.here.com/en/drive-schedule.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img