More

    Ќе се формира партија на македонските Бугари

    spot_img

    Ќе се формира политичка партија под името Европски пат од Алијансата на македонските Бугари (АМБ-ДНЕС), најави претседателот на АМБ – ДНЕС Драган Цветковски во видео интервју објавено пред два дена на официјалниот „Јутуб“ канал на движењето.

    Цветковски вели дека Алијансата е иницијатор на идејата за внесување на македонските Бугари во Уставот.

    – Од тогаш, секојдневно работиме на подобрување на животот на сите граѓани во РСМ и за што побрзо зачленување на земјата во ЕУ. Од досегашната работа на Владата во Скопје не сме задоволни, поради спората динамика на спроведување на реформите во сите сегменти. Политичката партија Европски пат планира да учествува во секојдневната работа на институциите со активни цели и задачи – изјави Цветковски.

    Според него, новиот политички субјект во Македонија ќе се залага за обединување на етничките Бугари во државата, за побрзо внесување на Бугарите во македонскиот Устав и за побрза интеграција на земјава во Европската Унија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img