Независниот полициски синдикат денеска најави дека на Триумфалната порта во Скопје ќе постави бројчаник кој нема да ги мери вратените украдени пари во буџетот туку бројот на напади врз полициски служебници.
– Крајно сериозна и загрижувачка е состојба со нападите врз полициските службеници кои веќе ја стигнаа бројката од 7 напади во 5 дена – велат од Независниот синдикат на полицијата.
Од Независниот синдикат на полицијата најавуваат дека ќе постават бројчаник кој ќе го прикажува бројот на нападнати УПС во МВР.
Поранешниот премиер Зоран Заев своевремено најавуваше дека ќе постави бројчаник на портата кој ќе ги прикажува вратените украдени пари од буџетот на државата. Но тоа никогаш не се случи.