More

    Ќе се блокира целиот систем, предупредува ВМРО-ДПМНЕ

    spot_img

    По минатогодишниот колапс на Фондот за здравство, деновиве на праг е втор колапс на Фондот, што значи дека граѓаните нема да можат да земат лек на рецепт на први февруари, нема да можат да се прават исплати од ФЗО кон граѓаните, кои на пример користеле боледувања, нема да се исплаќаат рефундации за лекови и нема да се вршат исплати кон здравствените институци – реагира ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

    „Со овој втор колапс на ФЗО загрозен е воопшто здравствениот систем во државава. Едноставно се ќе биде блокирано. Во овој случај трпат граѓаните, здравствениот систем ќе биде нефункционален, а трпат и вработените во ФЗО чии плати се планира да бидат намалени за 21 процент“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    Синдикатот на ФЗО најави дека, доколку Управниот одбор донесе таква одлука, по препораката што ја доби од Владата, вработените ќе стапат во штрајк и само ќе примаат документи, но нема да издаваат никакви решенија, потврди и нема да вршат исплати.

    „СДС и ДУИ ќе останат запаметени по неспособност кога станува збор за функционирање на системот. СДС и ДУИ покажуваат способност само кога треба да крадат. Или СДС и ДУИ се шампиони во неспособност!

    Власта предводена од СДС и ДУИ во здравството за седум години редеше само скандали. Здравството секојдневно се уништува, заминува медицински кадар или нема кој да ги лечи граѓаните, оние кои остануваат да работат тука ниту имаат услови за работа, уште помалку некој се грижи за нивна доедукација преку обуки и слично, позитивната листа на лекови иако ветуваа ја споменуваат само во контекст на тоа да им излезат во пресрет на нивните фармацевтски компании, а не граѓаните да добијат нови лекови на рецепт, лековите поточно цитостатиците и биолошката терапија се злоупотребувале на Онкологија, но некако и тоа се премолчува. И ова е само еден мал дел од скандалите во здравството“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img