More

    Ќе се беседи за Украина, но не се знае дали дипломатите „ќе си намигнат“

    spot_img

    Кој ќе биде ѕвезда на претстојниот самит на ОБСЕ во Скопје – дали тоа ќе биде рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров или пак присуството на американскиот државен секретар Ентони Блинкен? Додека е познато дека Лавров ќе има неколку билатерални и мултилатерални средби, како што најави портпаролката на руското МНР Марија Захарова не се знае точно со кого ниту пак, дали е можна средбата Лавров-Блинкен.

    Американската страна не знае како ќе се постапи во случај на состанокот да се појави и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и дали ќе има интеракција меѓу двајцата, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

    Германскиот „Билд“ на 24 ноември годинава објави текст во кој се повикува на анонимен извор кој рекол дека Германија и САД сакаат да ја натераат Украина да се сврти кон преговори со Русија, а потпора за тоа да им биде ново ограничување на набавката на оружје.

    Српскиот медиум „Мондо“ утринава излезе со наслов дека ваквата средба(Лавров-Блинкен) би значела затоплување на односите, некаков „крај на војната во Украина“. Написот тргнува од фактот дека во март оваа година Лавров и Блинкен се сретнаа на состанокот на дипломатите на Г20 во Њу Делхи во Индија.

    Американските власти тогаш соопштија дека Лавров и Блинкен разговарале десет минути.

    Познато е дека на агендата на Блинкен ќе бидат две работи меѓу кои и помошта за Украина од западните сојузници. Тој денеска изјави дека нема замор во НАТО во врска со ова прашање и дека членките се едногласни.  Втората работа која треба да ја соопшти Блинкен е да ја истакне улогата на Македонија во ОБСЕ. Всушност, Блинкен на самитот прво ќе се сретне со македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи кој, пак, ќе допатува од Брисел. Потоа Блинкен ќе присустува на неформалнаата вечера која ќе му претходи на Министерскиот совет, а потоа Блинкен патува за Израел.

    На советот ќе беседат министрите за надворешни работи на 76 членки на ОБСЕ. Во Скопје доаѓаат над 1.000 делегати од 76 земји. Дека една од главните теми ќе биде Украина потврди и Џејмс О’Брајан, помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија.

    – Американската делегација ќе ја предводи државниот секретар Блинкен. Тој ќе биде таму во среда веднаш по крајот на министерскиот состанок на НАТО. Очекуваме да се ангажира во добра дискусија со колегите од ОБСЕ за поддршката за Украина, – изјави О’ Брајан денеска за новинарите.

    за Блинкен  ОБСЕ има клучна улога во унапредувањето на безбедноста на регионот. Ова мислење не го дели Марија Захарова, портпаролката на руското МНР која на брифинг откри дека на неколку руски новинари им биле правени опструкции за да го следат министерскиот совет во Скопје и дека Западот се мешал во учеството на самитот. Таа рече дека „тие ја ставија на коцка иднината на целата организација“ мислејќи на ОБСЕ и притоа рече дека претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите Тереза Рибеиро „не се ни преправа дека не си ја врши работата“.

    Со кој ќе се сретне Лавров? Според руски Тасс рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјавил дека Вашингтон не побарал состанок, „нема да го побара и нема да има состанок“, додека Лавров изјавил дека „имале неколку барања за состаноци, вклучително и од западни претставници“.

    Но, освен Украина на самитот во Скопје можеби ќе бидат отворени и другите безбедносни прашања во светот. Во врска со регулирање на нерешените прашање меѓу Србија и Косово, заменикот државен секретар на САД Џемјс О Брајан укажал дека силното присуство на КФОР во северно Косово е гаранција за безбедноста и политичкиот прогрес меѓу двете земји и нивниот пат кон Европа.

    Од балканските теми Блинкен потврди дека на самитот ќе се зборува и за тоа како да се зголеми помошта за поддршка на евроатлантската иднина на Западен Балкан.

    Истовремено Стејт Департментот во САД е многу поделен во врска со политиката на САД кон Израел во војната со Газа, а Блинкен неодамна го призна ова.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img