Ќе расте побарувачката за кредити, ама условите ќе бидат построги

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Потпретседателката на Европската инвестициска банка одговорна за Западен Балкан, Лилјана Павлова во интервју за МИА посочува дека актуелните случувања со банките во Силиконската долина и во Швајцарија имале влијанија врз падот на акциите на банките во ЕУ, но дека реакцијата на американските и на швајцарските власти го намалила ризикот од поголеми негативни ефекти во банкарскиот сектор.

– Банките на глобално ниво беа под притисок по проблемите во Силиконската долина, а неколку дена подоцна и на Credit Suisse. Ниту една банка на ЕУ не беше директно вклучена, но цените на акциите на банките во ЕУ беа значително погодени. Берзата на ЕУ изгуби 6 проценти за помалку од 10 дена, европските банки изгубија повеќе од 25 проценти од нивната вредност во просек. Непосредната реакција на американските и швајцарските власти го намали ризикот од многу поширока зараза – вели Павлова во интервјуто.

Европскиот банкарски сектор, особено комерцијалните банки кои имаат голема, солидна и разновидна депозитна база и кредитираат разновидни групи клиенти, според Павлова, е далеку позаштитен.

Доколку тензиите на финансискиот пазар продолжат, тогаш, предупредува Павлова, последиците најверојатно ќе бидат построги кредитни услови и помал раст.

За македонскиот банкарски систем, оценката на Павлова е дека тој е добро капитализиран, но очекува дека се уште ќе има силна кредитна побарувачка.

– Сепак, понудата на кредити повторно се затегна во последните шест месеци и се очекува дополнително влошување на условите од страната на понудата. Затоа, банкарскиот сектор ќе се соочи со сѐ уште силна кредитна побарувачка (од корпорации, мали и средни претпријатија и домаќинства), но со позаострени услови за понуда – истакнува Павлова.

Сепак, по пандемијата и војната во Украина кои се одразија врз развојот на економиите на глобално ниво, се очекува постепено да почне релаксирањето на монетарната политика, во САД веќе во втората половина од годинава, а следната година и во еврозоната.

– Според очекувањата на пазарите (кои беа значително прилагодени во последните денови, по тензиите поврзани со банките) веќе сме многу блиску до врвот на каматните стапки во еврозоната. Пазарите, исто така, очекуваат дека централните банки ќе почнат да ја релаксираат својата монетарна политика веќе во вториот период од 2023 година за САД и во 2024 година за еврозоната. Инфлацијата е висока, но олабавува, а фискалната политика останува прилично приспособлива, вели Павлова.

Во интервјуто, Павлова открива и дека во наредните месеци ЕИБ планира да ја прошири соработката со Банката за развој на Северна Македонија и локалните комерцијални банки со цел да им помогнеме на малите бизниси да пристапат до зелени финансии.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article