More

    Ќе продолжиме да се бориме за повисоки плати, порача Мицкоски

    spot_img

    Јас и секој човек, нема таков човек којшто не сака работниците коишто работат по закон и Устав да имаат поголема плата и поголем стандард и како прв човек на Владата ќе дадам сѐ од себе да создадам услови да можат работодавачите да ги платат оние работници коишто работат согласно закон и Устав повеќе од тоа што ги плаќаат сега. Сѐ ќе направам и јас и луѓето коишто се дел од Владата. Тоа не треба никој да има дилема, изјави премиерот Христијан Мицкоски во неговото гостување во емисијата „ЗА или ПРОТИВ“ на ТВ Алфа, говорејќи околу инсистирањето на синдикатите за зголемување на минималната плата.

    Тој додаде дека оваа влада наследи катастрофален Буџет од страна минатата каде што не беа испланирани средства за плати во одредени претпријатија и исплата на пензии, но и покрај тоа со ребалансот овие состојби се надминати.

    – Ние наследивме состојба таква каква што наследивме, многу лоша, катастрофална, катаклизмична. Катастрофа е комплимент, поезија во споредба со тоа што го наследивме. Со огромна буџетска дупка, со пари коишто не беа планирани, недостасуваа итн. Во рамките на зголемување на приходната страна ќе бараме начин да ова го овозможиме за оние работници коишто се, би рекол резултат на работата на Буџетот, односно сите оние коишто се во администрацијата итн – истакна Мицкоски.

    Тоа во овој момент е невозможно, но тоа што можевме го обезбедивме, додаде тој.

    – Обезбедивме плата за луѓето од ‘Национални шуми’ коишто не беа земале со месеци плата, обезбедивме плата за вработените од АД ‘Водостопанство’ коишто со месеци не беа земале плата, обезбедивме околу 5 милијарди за пензионерите, не по основ на линеарното покачување, а не како што беше досега процентуалното туку линеарното од 2.500 денари овој септември и 2.500 денари следниот март. За редовната исплата без ова покачување недостасуваа 5 милијарди денари – рече премиерот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img