Ќе нѐ греат со празни зборови

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Иако скопјани цела година плаќаат парно, а од август нивните сметки се повисоки за 14,18 денари, зимава може да останат без топлина во своите домови. Огласот за избор на нова фирма која ќе управува со парното не е завршен, а се чини паѓаат во вода и тврдењата на вицепремиерот Фатмир Битиќи и првиот регулатор Марко Бислимоски дека БЕГ и покрај одземените лиценци има обврска да продолжи со дејноста до изборот на нов оператор.

Балкан енерџи груп денеска соопшти дека нема никаква правна основа да управува со парното. Според компанијата, сите законски рокови за продолжување со дејноста по одземените лиценци се истечени, нема право на користење на топланите, бидејќи договорот за закуп е раскинат со новиот сопственик „Адора инженеринг“, а нема ниту продолжен договор за соработка со ЕСМ, бидејќи ланскиот е истечен.

„Согласно член 51 од Законот за енергетика БЕГ – Производство имаше законска обврска да продолжи да ја извршува дејноста, до истекот на рокот од 90 дена за избор на нов вршител на дејноста, кој е веќе истечен. Во овој период БЕГ Производство продолжи да ја врши дејноста и ги заврши сите неопходни ремонтни активности во топланите сѐ со цел новиот носител на лиценца да може непречено да ја започне новата грејна сезона“, соопшти компанијата.

Од компанијата информираа и дека немаат финансиски можности да продолжат со работа, но и дека немаат правна основа да ги користат топланите бидејќи договорот е раскинат од новиот сопственик.

Дополнително неизвесно е дали „Адора инженеринг“ и ЕСМ, односно владата ќе се договорат за продажба и закуп на топланите „Запад“ и „Исток“, а виси и прашањето за обезбедување гас и резерви од три месеци на мазут.

„Адора инженеринг“ деновиве соопшти дека сака да ги продаде топланите бидејќи нивното закупување би било економски неисплатливо за компанијата и би ѝ донело загуба од 500.000 евра. Дополнително бара да ѝ се исплатат сите заостанати долгови.

Плусинфо ги праша Владата и ЕСМ која моментално единствена во земјава поседува лиценци за производство, снабдување и дистрибуција на топлинска енергија дали веќе се потпишани некакви договори со „Адора инженеринг“ за закуп или купување на топланите и дали и годинава се планира централата Те–то да обезбеди 70 отсто од топлинската енергија, но не доби одговор.

Дополнително прашавме и дали се договорени потребните количини на гас и мазут за греење на скопјани.

Од ЕСМ само кусо одговорија дека кога ќе има информации тие ќе бидат споделени со јавноста.

- Advertisement -
Ad image

Од Владата нема одговор, но викендов вицепремиерот Фатмир Битиќи уверуваше дека скопјани нема да останат без парно. Владата до крајот на неделава, најави тој, ќе има конечни информации што ќе се случува со обезбедувањето на енергенси.

Битиќи, спротивно на тврдењето на БЕГ, вели дека оваа компанија е должна да обезбеди топлинска енергија сѐ дури не се избере нов економски оператор, а согласно закон мора да има резерви на гас.

За топланите на „Адора инженеринг“ кои компанијата одбива да ги даде на закуп, односно инсистира на нивна продажба, Битиќи вели дека постапката налага закуп пред евентуално купување на топланите.

- Advertisement -
Ad image

– Инсистирањето на еден од чинителите за промена на сопственоста е легитимна, не велиме дека нема да се случи, но ќе се случи според законите – рече Битиќи и посочи дека закупот е легитимна алатка со која може да се искористат топланите „Исток“ и „Запад“ и ќе се испорача топлинска енергија.

Граѓаните од своја страна стравуваат дека иако плаќаат цела година, зимава ќе смрзнуваат.

– Уште малку има до почеток на грејната сезона, но нема никаква информација дали навреме ќе се пушти парното. Плаќаме цела година, а сега ќе мрзнеме. Од Владата велат ќе има парно, но некако сè што се случува околу парното, говори дека ќе имаме кочан зима – вели скопјанин.

Професорот Константин Димитров вели дека владата која ја зеде обврската за парното мора да ги обезбеди сите предуслови за дистрибуција на топлина до домовите на граѓаните, наместо да ја префрла топката и да обвинува кој треба, а кој не да обезбеди топлина за Скопје.

– Владата има механизми да ги натера приватните компании кои обезбедуваат топлинска енергија да се однесуваат во интерес на граѓаните и навреме да почне снабдувањето со топлина. Наша среќа е што 60 отсто од владата и пратениците се приклучени на парно па можеби ќе притискаат прашањето да се реши навреме – вели Димитров.

Според него, и во овој случај се покажало дека приватните инвеститори во енергетскиот сектор во кризи се покажале себични и затоа вели дека треба овие компании кои се од интерес за државата и граѓаните да се градат од државата и таа да ги поседува.

Грејната сезона законски почнува на 15 октомври, но ако временските услови дозволуваат може да почне и пред 15 октомври.

Share This Article