Ќе има ли политичка драма во Советот на 24 декември?

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, со задоцнување од седум дена, конечно го доставила предлог-буџетот за 2025 година до Советот на Град Скопје, дознава Плусинфо.

Според најавите, советниците ќе расправаат за неговото донесување на седницата што ќе биде закажана за 24 декември.

Оваа вест доаѓа по долготрајни пречкања меѓу градоначалничката и мнозинството советници, кои го обвинија тимот на Арсовска за лошо управување со јавните финансии и за несериозноста при доставувањето на предлог-буџетот за 2025 година.

Се очекува седницата на Советот да биде бурна, со оглед на досегашните тензии и несогласувања околу фискалната политика на градската администрација.

Од ВМРО-ДПМНЕ пред една недела упатија критики до градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, и нејзиниот тим, обвинувајќи ги за пробивање на рокот за поднесување на предлог-буџетот за градот.

Од ВМРО-ДПМНЕ велеа дека доцнењето не е прашање на лаги или манипулации, туку на непочитување на законски утврдениот рок за поднесување на буџетот.

– Не знаеме каде завршил предлог-буџетот, можеби е заглавен во нечија канцеларија во Ѓорче, можеби кај блиски роднини на Арсовска, или во некој штаб кој е во нејзина близина. Но, она што е сигурно е дека предлог-буџет сè уште нема. Во прилог доставуваме документ кој јасно покажува дека рокот за поднесување на буџетот е пробиен – истакнаа тогаш од ВМРО-ДПМНЕ.

Покрај обвинувањата за доцнењето на буџетот, ВМРО-ДПМНЕ упати критики за јазикот и содржината на соопштенијата на Град Скопје. Според партијата, стилот на пишување на соопштенијата е уличарски и непристоен, што, како што велат, не е својствено за личност која се претставува како „менаџерка“ на градот.

– Не можеме со сигурност да кажеме кој ги подготвува соопштенијата од Град Скопје – дали се тоа претставници на Левица, ДУИ или на СДС – но она што е јасно е дека лицето кое ги пишува или нема завршено основно училиште или се наоѓа во посебна состојба. Соопштенијата се преполни со уличарски и недоличен речник, што не е својствено за личност која се претставува како „менаџерка“ на градот, како што тоа го прави Данела Арсовска – изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

- Advertisement -
Ad image

Партијата смета дека јавноста заслужува одговори кој е одговорен за пробивањето на роковите и зошто доцни доставувањето на буџетот, бидејќи ваквите пропусти може да имаат сериозни последици врз финансирањето на градските проекти и услуги.

Сепак, Град Скопје уверуваат дека предложениот буџет за 2025 ќе биде развоен и ќе ги опфати приоритетите на градот.

– Целиме кон подобрување на инфраструктурата и услугите за граѓаните, заедно со решавање на долгогодишните проблеми – рекоа од кабинетот на Арсовска.

- Advertisement -
Ad image

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, пак, најавија дека внимателно ќе го разгледаат предлогот, додавајќи дека нема да дозволат донесување на „буџет на штета на граѓаните“.

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, исто така пред една недела реагираше, велејќи дека градоначалничката Данела Арсовска деновиве ја пее својата „лебедова песна“.

– Таму е пропишано дека градоначалникот доставува предлог-буџет за наредната година до советот во рок утврден со буџетски календар. Совет на град Скопје во март оваа година има донесено Буџетски календар за 2024 година, објавен во Службен гласник на град Скопје (види прилог) каде е предвидена обврска на градоначалникот Арсовска предлог-буџет за 2025 година до Совет да достави најдоцна до 10 декември, а не како што манипулативно се наведува во соопштението, седум дена пред расправата за буџет во Совет на град Скопје – рече Славески.

Остра реакција за неподнесувањето на предлог-буџетот за 2025 година на Град Скопје имаше и од претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

– Таа тема ги засега сите скопјани. Тоа не е единственото прашање коешто предизвикува голгота за скопјани. Ние имаме исто така проблем и со комуналната хигиена, паркови и зеленило, имаме проблем и со нефункционалноста, за жал, за прв пат и со Водовод и канализација од кого направија загубар, што досега не се случило цели 30 години. Како ЗЕЛС, како управен одбор до крајот на годинава ќе имаме средба и со владата и со претседателот на владата – изјави претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски.

За можните лоши сценарија што може да се случат доколку не биде донесен буџетот на Град Скопје предупреди и министерот за локална самоуправа Златко Перински во гостувањето на поткастот на Плусинфо во едицијата „Размислувај глобално, делувај локално“ со Мартин Богатиноски.

– Без буџет за следната година град Скопје ќе биде под целосна блокада, нема да функционираат и онака нефункционалните јавни претпријатија, установите во Град Скопје. Или ќе биде блокирана ионака нефункционалната Комунална хигиена, ЈСП, нема да функционираат претпријатијата како Водовод, Паркови и зеленило, Улици и патишта, Градски паркинг, депонијата Дрисла, Лајка. Тука е и Градската библиотека Браќа Миладиновци, МКЦ, Културно информативниот центар, Музеј на Град Скопје, Зоолошка градина, Детски културен центар и останати – рече Перински.

Share This Article