Фудбалската федерација на Македонија праќа информација до навивачите на македонската репрезентација кои сакаат да ја бодрат на натпреварот на 24 март против Италија во Палермо дека платформата, односно линкот https://www.vivaticket.com/it/
Повторното отворање на платформата за продажба на билети на Италијанската фудбалска Федерација е резултат на одлуката на италијанските власти да дозволат исполнување на целиот капацитет на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо.
Македонските навивачи и љубители на фудбалот кои веќе поседуваат кодови за купување на влезници, а од технички или други причини не успеале да ја завршат процедурата за купување на влезници, можат повторно да влезат во системот за продажба на билети и да ги купат бараните влезници.
Лицата кои аплицирале за билети и имаат добиено кодови треба да пристапат на следниот линк за билети: https://www.vivaticket.com/it/
Со добиените кодови од одделот за билети на ФФМ ги купуваат истите, а билетот го добиваат во електронска форма.